Thursday, 6 August 2015

Каноли | Cannoli

Please scroll down for the recipe in English.


Канолите се можеби најпознатиот сицилијански десерт. Нивниот успех се должи на легендарната реплика од фимот „Кум“, каде Пит Клеменца му дава наредба на еден од своите момци веднаш после едно од мафијашките убиства, „Остави го пиштолот. Земи ги канолите“.

Овој крцкав, наполнет и вкусен десерт е неизбежен ден на сицијлијанската кујна. Пржените школки традиционално се полнат со домашна рикота и врз нив се става кандирано овошје или сицијлијански ф'стаци. Во следните редови, ви го презентираме оригиналниот сицилијански рецепт за Каноли.

Каноли

За школките


Состојки (околу 15-20 школки):

  • 250 гр. брашно
  • 25. гр. свинска маст или путер
  • 25 гр. шеќер
  • 100 мл. бело вино
  • прстофат сол
  • 1л. масло за пржење

Подготовка:


Измешајте ги сите состојки (освен маслото за пржење) и месете додека не добиете мазно тесто. Расукајте го тестото најтенко што можете и со модла или набрашнета чаша исечете кругови. Расукајте ги круговите уште потенки, задржувајќи им ја формата. Замотај те ги околу металните туби* и залепете ги врвовите со малку разматено јајце. Пржете ги во длабок сад полн со масло на среден оган. Пржете ги неколку минути, додека школките не добијат кафена боја. Оставете ги да се оладат пред да ги наполните.

*Школките за каноли се пржат користејќи посебни метални туби кои можат да се купат со специјализирани продавници за кујнска опрема. Можете да користите и дрвени стапчиња, кој воедно е и традиционалниот метод. Има и други опции за замена, како и да ги печење без воопшто да користите туби.


За филот

Состојки (доволно фил за околу 20 школки*):

  • 1 кг. рикота сирење
  • 400 гр. шеќер
  • 50-100 гр. парчиња чоколадо (или чоколадни мрвици)
*Зависно од дебелината на школките. Се препорачува да почнете со половина од состојките и да ја подготвите и другата половина доколку е потребно.

Подготовка:

Измешајте ја рикотата и шеќерот и додадете ги чоколадните зрнца. Оладете го кремот пред сервирање. Наполнете ги школките користејќи слаткарски шприц (ги препорачуваме пластичните кеси што се наменети за една употреба, затоа што се наједноставни за употреба, најефтини и најхигиенски).




За да ја задржите најдобрата текстура и крцкавост на школките, се препорачува да ги полните канолите со филот пред сервирање на истите. Декорирајте го едниот крај од канолите со сецкани фстаци, а другиот со кандирана кора од портокал (рецепт подолу).


За кандираната кора од портокал

Состојки (доволно за околу 20 школки):

  • 2 портокала
  • 70 гр. шеќер
  • 70 мл. вода

Подготовка:


Измијте ги портокалите и излупете ја кората во парчиња. Бидете внимателни да не ја оштетите кората. Ставете ги парчињата во тенџере со ладна вода и оставете ги да зовријат. Сменете ја водата. Повторете ја постапката 3 пати со цел да ја отстраните горчливоста од кората од портикалот.
Исушете ја кората од портокал и ставете ја во тава со водата и шеќерот. Гответе на среден оган 20-тина минути (додека не се кандираат).




СЛИЧНО: 

Чоколадни крофни

_______________________________________________________________________________________________________

Cannoli are perhaps the most famous Sicilian dessert. Their global fame was achieved with the legendary line in The Godfather, when Pete Clemenza instructed one of his underlings right after a mob hit to "Leave the gun. Take the cannoli". 

These crispy, filling and tasty desserts are a staple of Sicilian cuisine. The fried shells are traditionally filled with homemade ricotta cheese and topped with candied fruit or Sicilian pistachios. In this article, we present an original Sicilian recipe for Cannoli.

Cannoli

For the shells

Ingredients (makes around 15-20 shells):

  • 250 g. flour
  • 25. g. lard or butter
  • 25 g. sugar
  • 100 ml. white vine
  • a pinch of salt
  • 1l oil for frying

Method:


Combine all ingredients (except for the oil for frying) and knead until you obtain a smooth dough. Roll the dough into a thin sheet and cut circles with a pastry cutter or a floured glass. Roll the circles even thinner, maintaining the round shape. Wrap around the special metal tubes* and make the ends stick with some eggwash. Deep fry in a saucepan full of heated oil over medium heat. Fry for several minutes, until the shells are brown. Let cool before filling.

*Cannoli shells are fried using special metal tubes which can be bough in specialised cooking stores. You could also use wooden sticks, which is the traditional method. There are several options for substitutions, including baking the shells without using any tubes.

For the filling

Ingredients (makes enough for around 20 shells*):

  • 1 kg. ricotta cheese
  • 400 g. sugar
  • 50-100 g. chocolate chips
*Depending on the thickness of the Cannoli shells. It is advised to start with half of these ingredients and make a second batch if required

Method

Mix the ricotta and sugar and add the chocolate chips. Chill the cream before serving. Fill the shells using a piping bag (we recommend using the plastic bags which are for one use only, as they are easiest to use, cheapest and most hygienic).



In order to preserve the best texture and crunchiness of the shells, it is advised to fill the Cannoli shells immediatelly before serving. Decorate one end of the Cannoli with chopped pistachios and the other with candied orange zest (recipe below).

For the candied orange zest

Ingredients (makes enough for around 20 shells):

  • 2 oranges
  • 70 g. sugar
  • 70 ml. water

Method:


Wash the oranges and peel off the skin in slices. Be careful not to damage the orange zest. Put the strips in a pan with plenty of cold water and bring to a boil. Change the water. Remove this procedure 3 times in order to eliminate any bitterness from the zest.

Drain the orange peel and put in a pan with the water and sugar. Cook over medium heat about 20 minutes (until they are candied). 




SEE ALSO: 

Chocolate Glazed Doughnuts

No comments:

Post a Comment