Tuesday, 28 July 2015

Домашни њоки со четири сирења | Homemade Potato Gnocchi with Quattro Formaggi Sauce

Please scroll down for the recipe in English.


Едно од ретките задоволства во животот е конзумирањето на свежи, домашни тестенини со кремаст сос создадени од старт со најквалитетните состојки. Надвор од малечката семејна "trattoria" во Италија, ова претставува редок настан за повеќето од нас, затоа што домашните тестенини се ретко задоволство во повеќето ресторани, а многумина го сметаат за премногу работа за да го направат дома.

Но, не повеќе. Овие њоки од компири се совршени доколку за ручек или вечера, а можат и да се замрзнат за понатамошна употреба. Бидејќи на сосот му се потребни само 5 минути, колку што ви треба и за да ги сварите тестенинте, ова го носи денешниот рецепт на едно сосема ново ниво: екстремно брз и лесен оброк чиј вкус ќе ги натера сите околу вас да помислат дека сте го поминале целиот ден во вашата кујна, а ќе ви одземе само 10 минути од вашето време. 


Домашни њоки од компири


Состојки (за неколку индивидуални пакувања од по 250 грама) :

  • 1.2 кг. компири
  • 1.2 кг. сенаменско брашно
  • 1 јајце
  • 1/2 кафена лажичка сол

Подготовка:


Варете ги компирите со нивната кора околу 20тина минути. Исцедете ги варените компири и оставете ги да се оладат. Кога ќе се оладат, излупете ги и изгмечете ги со вилушка или толчник за компири. Во длабок сад, додадете ги компирите, брашното и солта. Додадете го и јајцето. Внимателно замешајте ги состојките користејќи ги вашите раце. Кога ќе се оформи тесто, започнете со месење и додавајте брашно по потреба. Тестото е многу лепливо. Внимавајте да не го измесите тестото премногу или да не додадете премногу брашно.



Расукајте го тестото во долг и широк правоаголник и од него исечете 10 парчиња. Расукајте го секое парче во должина и од него исечете малечки парченца (2-3 cm). Можете да правите различни форми на њоки, или да ја направите традиционалната форма , користејќи вилушка за да ја направите текстурата. Убаво набрашнете ги за да спречите да се залепат.


Варете ги њоките во големо тенџере со солена вода околу 3 минути, додека не испливаат на површината. Извадете ги од водата со голема лажица.

Можете да ги замрзнете њоките, внимателно распоредувајќи ги за да не се залепат. Пригответе ги и замрзнатите њоки на истиот начин, без да ги одмрзнувате.

Њоките може да се конзумираат со широк дијапазон на сосови, од класичното песто, до потешките меснати сосови. Ние се одлучивме за кремаст сос со четири видови на сирење, иако домашните тестенини се вкусни со која и да е опција. 

Сос со четири видови сирење

Состојки (две порции):

  • 50 g. рендано Parmigiano - Reggiano или Grana Padano сирење
  • 50 g. рендана Mozzarella
  • 50 g. рендано Blue Cheese (сино сирење со мувла)
  • 50 g. рендано Gouda сирење
  • 100 ml. павлака за готвење
  • 1 супена лажица путер
  • мелен лук
  • свеж мелен бибер
  • 250 g. тестенини

Подготовка:



Загрејте ја павлаката. Сварете ги тестенините и зачувајте ја водата во која се вареа. Префрлете ги сварените тестенини во друг сад и додадете го путерот. Ставете ја загреаната (не зовриена) павлака во тестенините и додадете ги сирењета. Измешајте убаво. Додадете од топлта вода од тестенините по потреба, за да се измешаат сирењата и да го разредите сосот. Додадете лук. Сервирајте во чинии со свежо мелен бибер и свежо рендар пармезан и квалитетно бело вино. 



Забелешка: Може да се употреби било која комбинација на четири видови на сирење, иако за нас, оваа е најдобра и го дава најдобриот резултат.

_______________________________________________________________________________________________________

One of the rare pleasures in life is the experience of consuming fresh, homemade pasta with a rich and creamy sauce made from scratch with quality ingredients. Outside of a small, family-run trattoria in Italy, this is a rare event for most people, since homemade pasta is almost never served in restaurants, and people consider it too much of a hassle to do it at home.

Well, no more. These potato gnocchi are the perfect treat for a weekend lunch or dinner, and can even be frozen for future use. Since the sauce takes only about five minutes, which is around the same time it will take you to boil the frozen gnocchi, this takes today's recipe to a whole new level: an extremely fast and easy meal which tastes as if you have spent the entire day in the kitchen, taking up only 10 minutes of your time.



Homemade Potato Gnocchi

Ingredients (makes several packages of 250 gr. gnocchi) :

  • 1.2 kg potatoes
  • 1.2 kg all-purpose flour
  • 1 egg
  • 1/2 teaspoon salt

Method:


Boil the potatoes with their skins for around 20 minutes. Drain the boiled potatoes and leave them to cool. When cooled, peel the potatoes and mash them with a fork or a potato masher. In a big bowl, combine the mashed potatoes with the flour and salt. Make a well and add the egg. Carefully combine the ingredients using your hands. When the dough is formed, start kneading it, adding flour as needed. The dough is very sticky. Be careful not to over-knead it or add too much flour. 


Shape the dough in a long and wide rectangle and cut around 10 pieces from dough. Roll each piece using your fingers. When rolled into a rope, cut each piece in small (2-3 cm) pieces. You can make different shapes of gnocchi, or make the traditional shape, using a fork to create the texture. Flour them to prevent sticking.




Cook the gnocchi in a large pot of  salted boiling water for around three minutes, until they float to the top. Remove them with a slotted spoon.

You can freeze the gnocchi, carefully arranging them to prevent sticking. Cook the frozen gnocchi in the same manner, without thawing them. 

Gnocchi can be eaten with a variety of sauce, ranging from pesto to the tougher, meaty options. We opted for a creamy Quattro Formaggi sauce, although this homemade pasta is great with virtually anything.

Quattro Formaggi Sauce

Ingredients (serves 2):

  • 50 gr. grated Parmigiano-Reggiano or Grana Padano cheese
  • 50 gr. grated Mozzarella cheese
  • 50 gr. grated Blue cheese 
  • 50 gr. grated Gouda cheese
  • 100 ml. Heavy Cooking Cream
  • 1 tablespoon Butter
  • Minced garlic
  • Freshly ground black pepper
  • 250 gr. Pasta

Method:


Heat the cream over low-medium heat. Cook the pasta, saving the hot pasta water. Transfer the cooked pasta to an empty saucepan and add the softened butter. Pour the heated (not boiling) cream and add the cheeses. Stir until combined. Add hot pasta water as needed in order to melt the cheeses and lighten the mixture. Add garlic. Serve in plates and sprinkle with freshly ground black pepper. Serve with freshly grated Parmesan cheese and quality white wine.



Note: You can use any mixture of four cheeses, although for us, this one works and tastes best.

The recipes explained in this article have been adjusted from the versions presented on DeLallo and The Pioneer Woman Cooks.

NEXT: Homemade Chocolate Glazed Doughnuts

No comments:

Post a Comment