Please scroll down for the recipe in English.
Мафините се совршениот појадок или ужина. Иако во нив можат да бидат додадени најразлични овошја, зачини и други состојки, можеби најпознати од нив се Мафините со боровинка. Овие меки, вкусни мафини, полни со многу боровинки, се совршени за освежување во топлите летни денови. Можете да ги направите и со малини или капини, иако лично секогаш преферираме борвинки. Боровинките можете да ги најдете свежи во овој период од годината (јули и август), иако можете да користите и замрзнати.
Мафини со боровинка
Состојки (12 мафини):
- 280 гр. сенаменско брашно, плус една супена лажица
- едно мало пакетче прашок за пециво (околу две супени лажици)
- 100 гр. шеќер во прав
- 100 гр. стопен и оладен путер
- 1 јајце, малку изматено
- 200 мл. млеко
- 200 гр. свежи или замрзнати боровинки
- 50 гр. кафеав шеќер за одозгора
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Набрашнете ги боровинките со една супена лажица брашно за да ги спречите да потонат на дното на мафинот.
Во сад ставете ги брашното, шеќерот и прашакот за пециво. Во друг сад, измешајте го путерот, јајцето и млекото. Ставете ги водените состојки во сувите и мешајте додека не се соединат со помош на шпатула. Не го мешајте премногу тестото, добро е ако има грутки. Внимателно додадете ги и боровинките.
Во плех за мафини наредете хартиени мињони или намрсете со путер. Ставете од тестото во секоја од нив, полнејќи ги 2/3.
Печете 10 минути. Извадете ги од рерната и врз нив наросете кафеав шеќер. Печете уште 15-тина минути или повеќе, додека не добијат златно кафеава боја и чечкалката што ќе ја ставите во нив излегува чиста.
Muffins are the perfect breakfast or snack in all their types and varieties. Although they can be made using various fruits, spices and other ingredients, perhaps the most famous kind is the Blueberry Muffin. These soft, tasty muffins, filled with plenty of blueberries, are a refreshing summer treat. You can also make them using blackberries or raspberries, although we always prefer blueberries. You can easily find them fresh in the months of July and August, but they are also good with frozen berries.
Blueberry muffins
Ingredients (makes 12 regular-sized muffins):
- 280 g. all-purpose flour plus one tablespoon
- one small package baking powder (around 2 tablespoons)
- 100 g. powdered sugar
- 100 g. melted and cooled butter
- 1 slightly beaten egg
- 200 ml. milk
- 200 g. fresh or frozen blueberries
- 50 gr. brown sugar for topping
Method:
Preheat the oven to 180 degrees C. Toss the blueberries with one tablespoon of flour, which prevents them from sinking into the muffin.
In a bowl, combine the flour, sugar and baking powder. In a separate bowl, mix the butter, egg and milk. Pour the wet ingredients into the flour mixture and stir until just combined using a spatula. Do not over stir the batter, as it is okay to have lumps. Gently fold in the blueberries.
Line a muffin tray with paper cups or grease with butter. Spoon the batter, filling each cup about 2/3 full.
Bake for 10 minutes. Remove from the oven and sprinkle with the brown sugar. Bake for another 15 minutes or more, until the tops are golden brown and the inserted toothpick comes out clean.
The recipe explained in this article has been adjusted from the version presented by Food Network (Paula Deen).
In a bowl, combine the flour, sugar and baking powder. In a separate bowl, mix the butter, egg and milk. Pour the wet ingredients into the flour mixture and stir until just combined using a spatula. Do not over stir the batter, as it is okay to have lumps. Gently fold in the blueberries.
Line a muffin tray with paper cups or grease with butter. Spoon the batter, filling each cup about 2/3 full.
Bake for 10 minutes. Remove from the oven and sprinkle with the brown sugar. Bake for another 15 minutes or more, until the tops are golden brown and the inserted toothpick comes out clean.
No comments:
Post a Comment